Новости

Битола инфо

Свечено затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ – Златната „Камера 300“ за Унгарецот Марсел Лев

Унгарецот Марсел Рев, кинематографер на филмот „Месечината на Јупитер“ ја доби златната „Камера 300“ на 38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Рев наградата ја доби заради интригантната сторија за односот кон бегалците.

Претседателот на жирито Пол Ростад му ја додели наградата, велејќи дека Марсел Рев изненадил со својата визуелна енергија и исклучителна креативност во пренесувањето на приказната низ слики.

-Не подготвив говор. Не очекував дека ќе добијам вака високо признание. Конкуренцијата за награди беше голема, а јас се чувствувам прекрасно што сум тука, честитам на сите. Прекрасно беше да се биде во Битола и и’ благодарам на битолската публика. Оваа награда му припаѓа на целиот тим што го подготвуваше филмот, истакна Рев.

Марсел Рев, дипломирал на Унгарската академија за филм и драма, отсек кинематографија и освен филмот „Месечината на Јупитер“ во својата кариера снимил 10 филмови од кои 5 се долгометражни.

Меѓународното фестивалско жири одлучи сребрената „Камера 300“ да му ја додели на кинематограферот Рајнер Клаусман во чии раце беше камерата за филмот „Од ништо“, бронзената „Камера 300“ ја доби кинематограферот Дејан Димески кој го снимаше филмот „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ, наградата мала златна „Камера 300“ му припадна на кинематограферот Наум Доксевски за краткиот македонски филм „Види ја ти неа“, а специјално фестивалско признание му беше доделено на кинематограферот од Русија, Данил Фомичев.

 

Евротип
SNBROKER
To Top