Новости

Битола инфо

Свечено отворање на СН Сообраќаен Центар во Битола

Среда, 19.06.2019, во 20:00 часот, ден резервиран за официјалното отворање на СН Сообраќаен Центар.

СН Сообраќаен Центар претставува првиот повеќенаменски објект во Битола и околината на Битола. Во склоп на центарот се наоѓа станицата за технички преглед, СН Центар за моторни возила, СН Бар и Ресторан, тобако и кафетерија, како и ФД СН Финансии, СН Осигурителен Брокер, ТА  ЈК Травел, Webiart Solutions – дигитален маркетинг и веб-софтверски решенија.

Во станицата за технички преглед може да се изврши целосна регистрација на лесни и тешки моторни возила, додека во СН Центар за моторни возила се наоѓа автоперална за лесни и тешки моторни возила, автомеханичарски и вулканизерски сервис, и продажен салон на Ford и TOYOTA.

СН Бар и Ресторан со капацитет од 150 гости, е соодветен за секаков вид на семејни прослави, бизнис состаноци и ручеци, како и забави со музика во живо.

Нестрпливо го очекуваме свеченото отворање на овој центар каде што ќе се забавуваме со најпознатата македонска ѕвезда Каролина Гочева!

GOLD
To Top