Новости

Битола инфо

Седум возачи управувале без возачка дозвола во Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 05 јуни извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство.

Притоа, биле контролирани 366 возачи, од кои седум возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле три возила, брзината ја надминале 16 возачи, еден возач не користел сигурносен појас, а два други зборувале на мобилен телефон при управување на возило.

GOLD
To Top