Новости

Битола инфо

Секаков повик за протест е апсурден и лицемерен

Денеска, пред одржувањето на протестот реагираа од СДСМ.

„Само во 2018 година средствата кои се издвоени за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух се поголеми од вкупно вложените во изминатиот 12 годишен мандат на претходната власт. Од самото доаѓање на новата локална самоуправа, заложбата за транспарентност и отвореност за дијалог е наш приоритет, заради тоа секаков повик за протест е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот.

Загадувањето не настана преку ноќ, тоа е многу посериозен и покомплексен проблем од тоа што некој сака да го прикаже, на здравјето на граѓаните не се добиваат политички поени. Ние остануваме посветени и истрајни до реализација на крајната цел, а тоа е решавање на овој проблем“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.

GOLD
SN Finansii
To Top