Новости

Битола инфо

Се асфалтира кружниот тек на излезот кон Ресен

По извршените подготовки во изминатите денови, започна асфалтирањето на потегот од кружниот тек кај Лук Оил на излезот од Битола кон Ресен, до влезот во селото Братиндол, во должина од 3 километри, објавија од Оштина Битола на нивната Фејсбук страница. Директорот на Македонија пат подружница Битола Беким Мемети истакна дека оваа активност во вредност од 15 милиони денари, го надминува проблемот со пропаднатиот асфалт на самиот кружен тек, кој со години наназад ја загрозуваше безбедноста на возачите, а истовремено оставаше лоша слика за самиот влез во градот од страната кон Ресен.

GOLD
To Top