Новости

Битола инфо

Се асфалтира улицата „Климент Охридски“

По реконструкцијата тротоарите и нивното поплочување, новиот изведувач на градежните работи на ул. „Климент Охридски“, започна со асфалтирање на улицат, информираат од Општина Битолаа.

И покрај сите препреки со кои се соочи Општина Битола во изминатите осум месеци, по преземените законски дејствија со кои во најтранспарентна  постапка се избра новиот изведувач, се одвиваат завршните фази во реконструкцијата на оваа улица.

Во изминатите 10-тина дена, екипи од фирмата „Еуроинвест“ работеа на геодетско снимање и исколчување во функција на израмнување, а паралелно и на поставување на тротоарот. По асфалтирањето, ќе следува и партерно уредува на оваа улица.

GOLD
To Top