Новости

Битола инфо

Се поставуваат дезинфекциони корита на влезовите во Битола

Денеска завршуваат градежните активности за поставување на дезинфекциони корита на влезовите во Општина Битола, со цел превенција од ширење на корона вирусот. Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, на терен изврши увид при поставувањето. Таа, испрати порака и до своите сограѓани:

„Во овие околности две работи се најсуштински и најзначајни, а тоа е: Вршењето на дезинфекција и одржувањето на хигиена, но и редуцираност на движењата. Денес, завршуваме со градежните активности на дезинфекционите корита, со што ќе се врши дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во нашата општина. Воедно, изминативе денови вршевме интензивни активности со прскање на сите јавни површини и сите простори каде што постои можност за контаминација и загрозеност на нашето население. Со тие интензивни активности, продолжуваме и во деновите кои што следуваат. Но, она што зависи, исклучиво од Вас, е редуцираноста на движењето и затоа Ве молам, почитувајте ги мерките на Владата и излегувајте само кога е неопходно: за набавка на намирници за храна и за набавка на лекови. Само така, сите заедно можеме да излеземе со што помал број последици од овие околности. Бидејќи, се што правиме не ги елиминира целосно можностите да имаме лоши состојби и ситуации. Верувајте, само ги намалува“, порача Петровска.

GOLD
To Top