Новости

Битола инфо

Се санираат ударните дупки на коловозите во Битола

Откако временските услови дозволија работа на терен, екипите на КЈП „Нискоградба“ од вчера работат на санирање на ударните дупки на коловозите во Битола, кои настанаа откако градот беше зафатен со ниски температури и мразеви. Исто така, влијание за нагризувањето на асфалтот имаше и големото количество на фрлени сол и ризла на коловозите, по што со топењето на снегот се појавија дупки на коловозите во градот.

Со коцки и ладна асфалтна маса, екипите на КЈП „Нискоградба“ започнаа со санација на дупките на поголемите улици во градот, а санирањето ќе продолжи и во наредните денови кон споредните улици, на кои има поголеми оштетувања.

GOLD
To Top