Новости

Битола инфо

Сн Осигурителен Брокер АД Битола донираше инвертни клими во битолските градинки

Сн Осигурителен Брокер АД Битола претставува пример за успешна компанија која го мери својот успех не само според постигнатите финансиски резултати, туку и преку бројот на проекти, кои потекнуваат од искрената намера на компанијата да даде свој придонес кон развојот на поединецот и на општеството, особено на младите луѓе.

Општествената одговорност претставува важен дел од корпоративната стратегија, Сн Брокер истата ја реализира преку почитување на највисоките етички стандарди со што ги задоволува желбите, потребите и очекувањата на своите клиенти преземајќи лидерската позиција помеѓу брокерските друштва на осигурителниот пазар во Р.Македонија.

“Ние правиме чекор повеќе кон подобрување на општествените услови на живеење, посебно на младата популација на граѓани кои ја имаат најголемата потреба за помош. Успешната приказна на Сн Осигурителен Брокер е резултат на тимската работа на менаџментот и пред се на младите луѓе, вработени во дваесетте подружници низ цела Македонија кои сочинуваат 80% од вкупниот број на вработени и претставуваат главна движечка сила во реализација на целите на друштвото.

За да не бидат изоставени и најмладите, Сн Осигурителен Брокер прави донаторски гест подарувајќи три клима уреди со цел подобрување на условите за одвивање на воспитувачката дејност на градинката „Пролет“ во претстојните зимски денови.

Сакам да го искористам денешниот ден и да најаваме дека во блиска иднина ќе започне со работа и СН Сообраќаен Центар, капитална инвестиција на нашата компанија, која ќе биде прва од ваков вид во пелагонискиот регион”, истакнаа од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

“Денес во просториите на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола, беа донирани три инвентер клими за потребите на Установата.
Притоа сакам да истакнам огромна благодарност до СН Осигурителен Брокер АД Битола и нивната несебична поддршка во донацијата.
Со овој гест би ги охрабрила сите стопанственици и би истакнала дека секоја донација е добредојдена, затоа што грижата за најмладите е наша примарна цел и задача”, истакна директорката  на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, Лидија Тфирст Митревска.

 

 

GOLD
To Top