Новости

Битола инфо

Сообраќајка во Битола – тешко повреден мотоциклист

На 09.10.2018 година во 10,55 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од улицата „21-ва“ и улицата „Васко Каранѓелески“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“ со битолски регистерски таблици сопственост на МВР, а управувано од С.М. (47) и моторцикл „Трува“ со битолски регистерски таблици, управуван од П.Т. (57) од Битола. Во незгодата П.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
SN Finansii
To Top