Новости

Битола инфо

Сообраќајна контрола на СВР Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на 22 април  извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, сигурносен појас. Притоа,  контролирани се 429 возачи, од кои 19 возачи ја надминале дозволената брзина, девет возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле шест возила , четири возачи зборувале на мобилен телефон при управување на возилото,а еден возач не користел сигурносен појас.

GOLD
To Top