Новости

Битола инфо

Сообраќајна несреќа во Битола- две лица повредени

На 17.05.2019 година во 16.25 часот на крстосница од ул.„Илија Николовски Луј“ и ул.„Глигор Прличев“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено меган “ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(60) од Битола и мотоцикл „Роад БајкБД 125-5“ без регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник на мотоциклот. Двајцата биле пренесени во Клиничката болница во Битола каде има била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top