Новости

Битола инфо

Сообраќајна несреќа во Битола – тешко повреден пешак

На 18.10.2018 година во 18,55 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата со улицата „Прилепска“ и улицата „Борис Баестро“ патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со битолски регистерски таблици управувано од Ц.М.(59) од Битола удрило во пешак Т.С.(76) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

GOLD
To Top