Новости

Битола инфо

Со љубов за Битола – концерт на Камерниот Оркестар на Битола на плоштадот Магнолија

На плоштадот Магнолија вечерва се одржува концерт насловен „Со љубов  за Битола“ во организација на Камерниот Оркестар на Битола. На концертот учество зедоа Маја Андоновска Илијевски, Димитар Андоновски, Бојан Стојков, Марија Митровска, Тамара Стојковска, диригентот Владимир Димовски и Камерниот Оркестар на Битола во скратен состав. Организаторите велат дека овој мал 40 минутен концерт не е финансиран, а технички е помогнат од пријатели на културата.

„Направен е без финансиски бенефит, но како поддршка пред се за борците во првите линии со Корона вирусот – нашите лекари и здравствени работници, кои изминативе месеци херојски се носат со задачата, но и за граѓаните од нашиот град, како и за нашите колеги уметници кои се силно погодени од оваа пандемија“.

Тера телевизија вршеше пренос на нивниот YouTube канал, а одеше во живо на Фб страната на Тера телевизија.

GOLD
To Top