Новости

Битола инфо

Сребрен медал за СН Осигурителен Брокер во бељот на Првата битолска олимпијада

Минатиот викенд во спортско-рекреативниот центар „СРЦЕ“ – Довлеџик се одржа Првата Битолска Олимпијада. На олимпијадата во најбитолската игра – бељот, СН Осигурителен Брокер освои второ место.

Олимпијадата траеше три дена од 24 до 27 мај, а учество зедоа 15 приватни компании од Битола.

Тимовите се натпреваруваа во неколку дисциплини: мал фудбал, баскет, одбојка, шах, бељот, стрелање со воздушна пушка, стрелање со лак и стрела, кајак на мирни води, маратон, билјард, пикадо, пинг- понг и забавни игри.

Според организаторите, целта на оваа олимпијада беше да се зголеми тимскиот дух како меѓу вработените во компаниите така и меѓу вработените од различните компании.

GOLD
To Top