Новости

Битола инфо

Средба на претставниците на „Сумнал“ со директорот на битолската болница

Претставници на „Сумнал“ – Здружението за развој на Ромската заедница во рамки на проектот „Roma health care„ – Грижа за здравјето на Ромите, остварија средба со директорот на Клиничката болница Битола д-р Зоран Лазаров. На средбата беа презентирани резултатите од истражувањето кои беа во рамки на проектот со што ќе се дискутираше за можните решенија заедно со битолската болница. На средбата исто така се разговараше за потребите што можат да бидат покриени со поднесување на заеднички европски проекти. Проектот “ Roma health care – Грижа за здравјето на Ромите е проект ЕРАЗМУС + кој ги анализира состојбите и потребите на ромските заедници во Бугарија, Германија, Македонија, Грција, Унгарија и Романија во областа на здравството.

GOLD
To Top