Новости

Битола инфо

Стручен состанок во организација на Болница Плодност

На 23 февруари во Народниот театар Битола, Болница „Плодност“ се организираше стручен состанок на тема: „Интердисциплинарен пристап кај деца со аномалии на бубрези/уринарен тракт пренатално дијагностицирани“, акредитиран од Лекарската комора на Македонија. Предавачи беа проф. д-р Дафина Кузмановска, д-р специјалист по гинекологија и акушерство Марија Христова и д-р специјалист по педијатрија Маргарита Камбовска.

Раното детектирање на аномалиите на бубрезите и уринарните патишта е најважен фактор за понатамошно навремено лекување на истите, како и за прогнозата и последиците кои може да се јават при нивно подоцнежно откривање, беше истакнато на состанокот.

– Се што ќе откриете на време вие ќе добиете можност да го испитате навреме и навреме да го лекувате , и на тој начин да спречите понатамошно бубрежно оштетување , значи да ја подобрите како што ние велиме реналната прогноза. Има многу работи со рутинската примена на ехо кои што се откриваат во тек на пренаталниот живот. Но сепак битна е соработката со помеѓу гинеколозите помеѓу педијатриските неуматолози и помеѓу педијатриските нефролози и потоа радиолози и уролози кои што најдобро ги знаат клиничките аспекти во водење на проблемот и знаат од една голема група т.н аномалии кои се откриваат во пренаталниот живот да ги откријат вистинските аномалии а тоа се оние чија дијагноза повлекува одредени импликации, изјави проф. д-р Дафина Кузмановска.

Пренатални откриени аномалии на бубрези на уринарен тракт се најчести помеѓу аномалиите кои се откриваат практичо од 1 до 5 на 1000 прододувања пренатално.

– Ние се трудиме колку што е можно навреме да ги откриеме овие аномалии пренатално и на тој начин да се овозможи адекватно водење на пациентите, после тоа да се направат одредени испитувања и следувања а на тој начин ќе се подобри и краткорочната и долгорочната дијагноза на пациентите, изјави д-р Марија Христовска спц. гинеколог-акушер.

– Ние се збогативне со уште една алатка во навременото дијагностицирањ на малформации на уринарен тракт кај нашите новороденчиња потпомогнати со нашите гинеколози навремено видени сите промени на нивните бубрези а непосредно после раѓањето со помош на методата која што ја доведовме за прв пат во Македонија, успеваме да докажеме навремено патолошко функционирање и враќање на мокрачата од мочиот меур на кај бубрезите. Со тоа многу допринесуваме за во иднина сите наши новороденчиња имаат здрав и функционален уринарен систем, изјави д-р спец. педијатар Маргарита Камбовска.

Стручниот состанок е акредитиран од Лекарската комора на Македонија.

Евротип
Евротип
To Top