Новости

Битола инфо

Студентски протест во Битола против промена на името

Во организација на иницијативата „Млади за Македонија“, вчера на Магнолија се одржа студентски протест против промена на името, како и имплементацијата на законот за употреба на јазиците.

На студентите во протестот им се придружија и граѓани од Битола.

„Студентите се бунтуваат против прекршувањето на нивните основни човекови права и достоинство преку принудувањето да го сменат своето име и идентитетот. Исто така, студентите се бунтуваат и против незаконското и насилно воведување втор јазик на целата територија на државата. Да го кренеме нашиот глас против промена на нашето име и идентитет! Никој нема право да ги прекршува нашите човекови права и нашето достоинство и да не пронудува да го смениме нашето име“, беше кажано вчера на протестот.

Евротип
SNBROKER
To Top