Новости

Битола инфо

„Сумнал“ ќе организира конференција во знак на сеќавање на Ромите, жртви на Холоаустот

Невладината организација “Сумнал“ продолжува и ова лето со активностите, а на 25 јуни ќе организирани конференција на тема “Сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот“. Фатма Барјам Аземовска од “Сумнал“ за оваа конференција вели:

-Конференцијата на која ќе се зборува за сеќавање, орговорност и препознатливост на Ромите – жртви на Холокаустот ќе се одржи на 25 јули, во Битола, во универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски“. Повикот за пријавување на учесниците веќе е објавен и очекувам да се пријават говорници кои ќе одговорат на темата. Ќе зборуваат универзитетки професори, професори по историја од средно и основно образование, студенти и други истражувачи на историјата.

Конференцијата е во рамки на проектот: Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на колокаустот во Скопје финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македонија родени пред 09 Мај 1945 година.

Фатма Барјам Аземовска очекува дека од оваа конференција да се даде придонес за признавање на жртвите и сеќавање на Ромите кои биле жртви на Холокаустот и секако презентација на сите истражувања во врска со Ромите во тоа време.

Од сите трудови кои ќе се презентираат на конференцијата ќе се печати зборник.

Конференцијата е во рамки на проектот : Психосоцијална поддршка и советување, социјален клуб и односи со јавноста на 100 преживеани Роми жртви на колокаустот во Скопје финансиран од EVZ Stiftung – Erinnerung, Verantwortung, Zukunft кој е наменет за постари лица – Роми, жртви на Холокаустот во Македонија родени пред 09 Мај 1945 година.

GOLD
To Top