Новости

Битола инфо

Сѐ за храна освои второ место за најдобар сајт на годината 2016

Нашите пријатели, порталот од областа на храната „Сѐ за храна“, на манифестацијата за прогласување на најдобрите сајтови во Македонија го освои второто место. „Сѐ за храна“, четврта година по ред добива награда на оваа манифестација.

-Помина уште една убава година, споделуваме рецепти, совети за здравјето и кујната, правевме домашни лекови и дегустиравме традиционална храна. Се дружевме на настани, го одржавме првото предавање на тема „Подобра исхрана, подобар живот“ во Битола, се дружевме со средношколците и разговаравме за седечкиот начин на живот и исхраната, се дружевме и со студентите од повеќе факултети и разговаравме за различни теми поврзани со исхраната и здравјето. Шетавме со нашите автори и пријатели, ги откривавме убавините на Македонија, а најповеќе уживавме во вкусот на традиционалната храна. Учествувавме во повеќе ТВ емисии, готвевме во живо и споделувавме препораки на различни теми. Бевме дел од повеќе хуманитарни акции и дониравме онаму каде што беше најпотребно. И на крај, сите вие кои ја поддржувате нашата работа, гласавте на изборот за најдобар сајт 2016. Со заеднички сили, љубов и желба, сите ние потврдивме дека храната е област која многу ни значи, велат од порталот „Сѐ за храна“.

„Сајт на годината“ е манифестација на која по седми пат се избираа најдобрите веб сајтови во Македонија во повеќе категории. Истата беше организирана од Media Solutions и системот за онлајн реклами Keep an eye. Целта на манифестацијата е да придонесе кон развојот на веб сајтовите во Македонија и да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите, интернет маркетингот и севкупното интернет издаваштво во Македонија.

 

GOLD
To Top