Новости

Битола инфо

Битолски таленти од Малиот битолски монмартр творат во Келн, Германија

Четири ликовни таленти од Битола, девојчиња членови на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ од Битола под раководство на Елена Хаџи Антонова деновиве се во посета на Келн, Германија каде ќе ги пренесат убавините на овој град на платно.

Келн е град кој изобилува со културни и историски зданија, центар е на голем број културни манифестации, дом е на една од најпосетените знаменитости во Германија, Келнската катедрала која е величествено здание и е најголемата готска црква во Северна Европа. Низ Келн поминува реката Рајна, а токму околу неа има прекрасен поглед на градби кои младите ликовни уметници го искористија за инспирација.

Делегацијата на Малиот битолски монмартр е во Келн на покана на Бугарин кој живее во Келн, кој е пријател со раководителот на студиото, Коста Хаџи Антоновски и е голем поддржувач на делото и мисијата на Малиот битолски монмартр.

Евротип
SNBROKER
To Top