Новости

Битола инфо

Тарик Филиповиќ го затвора Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Вечерва со 54 изведба на претставата „Ќиро“, хрватскиот актер и шоумен Тарик Филиповиќ , вечерва ќе го затвори јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на Монодрама во Битола. Филиповиќ на денешната пресконференција рече дека иако многумина го препознавале по телевизиските квизови и шоу програми,тој како актер настапил во повеќе од 4000 претстави. Во Битола доаѓа за прв пат, а монодрамата „Киро“, вечерва ќе ја изведе по 54 ти пат.

-Искрено да ви кажам јас не размислував за монодрама. Најпрво морам пред вас да се претставам како актер, бидејќи ме знаете само по телевизиските настапи и во квизовите. Јас сум глумец кој има околу 4 илјади изведби во разни претстави во животот, бројка која ја немаат многу првенци во нашите национални куќи. Имам многу претстави кои што сум ги играл по 200 до 300 пати, така што можам да кажам дека сум театарски ветеран на 46 години. Ова е првпат да работам монодрама инспирирана од Ќиро Блажевиќ. Тоа е човек кој што има интересен живот. Неговата приказна мене толку ме инспирира што 10 години го молев за да ми ги даде правата за да почнам да ја работам, рече Тарик Филиповиќ, актер.

Гостинот од Хрватска кажа дека бил љубител на очила, а ги имал околу 50. Од хрватските продавачи на очила добил плакета затоа што им се зголемила продажбата.

Претставата „Ќиро“ е дел од натпреварувачката програма од фестивалот Монодрама во Битола.

GOLD
SN Finansii
To Top