Новости

Битола инфо

Тешка сообраќајна несреќа во Битола – повредени две деца

На 14.07.2019 околу 13.50 часот на ул.„Васко Карангелевски“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ц.С(61) од Битола  и  мопед „Априлија“со битолски регистарски ознаки, управуван од А.Р.(16) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Клиничка болница Битола. Додека, сопатникот на мопедот О.С.(16 ) се здобил со телесни повреди. Увид извршила екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top