Новости

Битола инфо

Тешка сообраќајна несреќа во битолско – четири лица повредени

На 28.08.2019 во 17,25 часот било пријавено дека на патот Битола–Драгош кај с. Породин се случила сообраќајна негода помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(27) од с. Крклино-битолско и патничко моторно возило “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки ,управувано од Ш.С.(44) од с.Кишава-битолско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.К. и сопатникот од истото возило З.П.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.С. и сопатничка од истото возило Б.С.(44) по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top