Новости

Битола инфо

Тешка сообраќајна несреќа во битолско – две лица со тешки повреди

На 21.10.2019 во 10.30 часот на патот Новаци – Ношпал се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген поло“, со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.Т.(50) од с.Лавци, битолско, и патничко возило „даеву ланос“, со битолски регистарски ознаки, управувано од И.С.(55) од с.Новаци, битолско. Во незгодата С.В.Т. се здобила со тешки телесни повреди, а И.С. се здобил со телесни повреди.

На двајцата им била укажана лекарска помош во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

GOLD
To Top