Новости

Битола инфо

„Тин лето во Библиотека“ – работилница за 3D печатење во битолската библиотека

Во рамките на проектот „Тин лето во Библиотека“, организиран од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, а одобрен од Министерство за култура за 2019 година, на 1.07.2019 год. се реализираше првата работилница за 3D печатење во соработка со СОТУ „Ѓорги Наумов“ – Битола. Работилницата за 3D печатење ја водеше м-р Илче Ацевски, професор во СОТУ „Ѓорги Наумов“.

Професорот ги запозна учесниците што претставува 3D печатењето, како и каде се користи и изврши презентација на 3D печатар. Потоа децата беа поделени во групи и имаа можност самите да креираат 3D творби со цел да се запознаат со процесот на креирање и да ја видат практична примена на 3D печатењето. Дел од творби што децата сами ги креираа за време на работилницата беа испечатени на 3D печатарот.

Во рамките на истиот проект ќе се реализираат уште две работилници и тоа за „Видео игри“ и „Книга – филм за тинејџери“. Основна цел на овие работилници со теми блиски на интересите и потребите на тинејџерите е библиотеката да придонесе за продуктивно да се исполни слободното време од летниот распуст, а во исто време тинејџерите да се забавуваат но и да стекнат нови знаења, особено од областите што нив ги интересираат. Втората работилница за „Видео игри“ Библиотеката ќе ја реализира на 16.07.2019 (вторник) од 18.00 часот во салата за промоции. Раководител на проектот е м-р Милка Котевска.

GOLD
To Top