Новости

Битола инфо

Тошевски бара посоодветна локација за карантинско сместување

Иванчо Тошевски, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ и советник во Советот на општина Битола денеска побара посоодветна локација за карантинско сместување.

„Иако во оваа кризна состојба сиот наш потенцијал го ставивме на располагање на надлежните институции, затоа што сите активностите треба да имаат институционален и професионален пристап, а здравјето на граѓаните мора да е пред се останато и најважно, денес сме сведоци на последиците од задоцнетите реакции на власта и покрај тоа што како опозиција ги повикавме зеднички да работиме на преземање на соодветни мерки уште од 26 февруари.
Гледаме дека во услови на вонредна состојба во државата и животозагрозувачка состојба кај заболените, власта без ниту малку совест и свест секојдневно профитира. Раководни лица во здравствените установи кои требаше да работат на сузбивање на епидемијата, всушност помогнаа таа да има поголем замав. Паниката која што денес владее помеѓу битолчани е оправдана и за сето тоа директно е одговорна власта предводена од СДСМ која во целиот овој период ја демонстрираше својата анемичност и неспособност. Граѓаните не и веруваат на неспособната власт дека е во состојба да се справи со последиците од ова заболување. Ние сочувствуваме и со проблемите на голем број на наши битолчани кои во моментов се вратени во државата и се наоѓаат во карантин, но и со оние кои сеуште се наоѓаат надвор од Македонија и не се во можност да се вратат назад и со дел од нив сме во постојан контакт.
Со цел намалување на ризикот, стравот и паниката кај битолчани бараме власта веднаш да преземе активности за изнаоѓање на посоодветна локација за карантинско сместување и во иднина навремено да ја информира јавноста за сите активности кои ги презема.
Исто така, како Претседател на Комисијата за безбедност при Советот на Општина Битола во соработка со колегите од Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата изработивме иницијатива со сет на мерки во кои е предвидено и итно затворање на пристапот до градот на лица кои доаѓаат од заразените подрачја на територија на Република Македонија. Иницијативата на Градоначалнчката Петровска ќе и биде предадена уште денес.
На крај Ве повикувам Вас граѓаните да ги почитувате препораките и мерките за заштита од ова заболување и на сите ви посакувам добро здравје“, истакна Тошевски.

 

GOLD
To Top