Новости

Битола инфо

Три лица во Битола го прекршиле полицискиот час

Три лица во Битола го прекршиле полицискиот час во изминатото деноноќие. Од нив двете лица се над 67 години, а едното лице спаѓа во категоријата на останати граѓани, соопшти СВР Битола.

Во Битола има 11 нови лица со решение за изолација, а битолската полиција исконтролирала 56 лица со решение за изолација.

Од полиција информираат дека на ниво на Сектор за внатрешни работи Битола вкупно има 35 лица кои што се во самоизолација. Од нив 14 лица се во Битола, 11 во Прилеп, по 4 лица во Демир Хисар и Ресен и по едно лице во Крушево и Македонски Брод. Во Битола има едно ново лице во самоизолација.

 

GOLD
To Top