Новости

Битола инфо

Три нови случаи на коронавирус во Битола

Според последните информации од Министерството за здравство од направените тестирања во изминатите 24 часа, потврдени се 3 нови случаи на коронавирус во Битола.

Вкупниот број заболени од коронавирус во Битола според статистиките на Министерството сега изнесува 4.

Засега нема информација како се поврзани овие нови случаи. Повеќе информации се очекува да каже министерот Венко Филипче на закажаниот прес во 17:00 часот.

 

GOLD
To Top