Новости

Битола инфо

Три приказни за другарувањето – детски перформанс во Битола

Добро утро Битола – Заборавените кукли, Добар ден Битола – Насмевки по пошта и Добровечер во Битола – Фаќач на соништа, се трите мали претстави кои предизвикаа голем интерес кај битолската публика, а особено создадоа незаборавни мигови за најмладата публика. Едукативни, забавни, креативни и инспиративни, трите дипломирани актерки, Маја Андоновска – Илијевски, Илина Чоревска и Викторија Степановска – Јанкуловска низ интерактивна комуникација, раскажаа три различни приказни за другарувањето, со главен акцент на тоа дека, најубавите спомени се градат низ детска игра во парк, на улица, на Широк сокак, а не пред компјутери, таблети и телефони.

„Викендов во Битола се случи чудо. Над 500 дечиња, заедно со своите родители, баби и дедовци, се собраа под ведро небо, на три различни локации, и уживаа во три различни претстави, по текст на нашата прекрасна Биљана Крајчевска. Драги мои, верувајте, и ние уживавме исто како вас. Ви благодариме драги родители што ги донесовте вашите дечиња, ви благодариме што вложувате во вашите ангелчиња, ви благодариме на поддршката, на безбројните пораки и пофални зборови. А вас драги другарчиња, ви благодариме што сте најубавата и најискрената публика на светот“, вели актерката Викторија Степановска – Јанкуловска, во својата јавна благодарност до публиката.

GOLD
To Top