Новости

Битола инфо

Украдено комбе во Битола – полицијата го пронајде опожарено

На 13.04.2019 година во 23.00 часот во СВР Битола, Р.К.(23) од Битола, пријавил дека истиот ден околу 21.30 часот непознат сторител го одзел неговото товарно возило „Форд Транзит“ со битолски регистарски ознаки; информираат од СВР Битола. Според пријавеното, сторителот влегол во незаклученото возило и го стартувал со клучот кој бил оставен на бравата. На 14.04.2019 година во 15.00 часот на ул.„Караорман“ возилото било пронајдено опожарено и од него биле одземени два акумулатори. СВР Битола презема мерки за расчистување на случајот.

GOLD
To Top