Новости

Битола инфо

Уредувањето на просторот зад паркингот кај Стара Болница

Деновиве екипи на ЈП „Комуналец“ работат на уредување на просторот зад паркингот во месноста „Стара болница“, наменет за детско игралиште. Иако ова катче не беше дел од редовната програма за работа на ЈП „Комуналец“ за овој период од годината, јавното претпријатие им излезе во пресрет на барањата на жителите и делот наменет за детско игралиште, кое во меѓувреме стана простор за собирање на смет, го враќа во првобитната положба.

Покрај хортикултурното уредување, поставени се и нови плочки во делот на детските реквизити за играње, а дел од реквизитите се заменети со нови.

GOLD
To Top