Новости

Битола инфо

Утре во Битола ќе се одбележи Денот на примирјето од Првата светска војна

По повод Денот на примирјето од Првата светска војна (“Commémoration du 11 novembre 1918”) и Денот на народна жалост („Volkstrauertag“), амбасадите на Република Франција и на Сојузна Република Германија заедно ќе го одбележат споменот за сите мртви, ранети, изчезнати и раселени лица, за жртвите на насилство и ранети лица од сите војни и сите народи.

Во недела, 11 ноември 2018 година ќе се одржат следниве комеморации:

во 11:00 ч. на Француските воени гробишта во Битола и

во 12:30 ч. на Германските воени гробишта во Битола.

Во присуство на претставници на државните и локални власти како и на дипломатскиот кор и на здруженијата, амбасадорот на Сојузна Република Германија ќе го држи својот говор на француските воени гробишта во Битола, а амбасадорот на Република Франција ќе им се обрати на присутните на германските воени гробишта во Битола во знак на помирувањето помеѓу двете држави и како уште еден доказ за француско-германското пријателство.

GOLD
To Top