Новости

Битола инфо

Во Битола ќе се одржи третиот по ред Саем за волонтеризам

Американското Катче Битола и Амбасадата на САД во Македонија по трет пат го организираат Саемот за Волонтеризам 2017, кој ќе се одржи утре на 2-ри Октомври (понеделник) од 12:00 часот до 15:00 часот на Техничкиот Факултет – Битола.

Саемот е отворен за сите, а особено ги поттикнуваме да не посетат сите средношколци, студенти и млади професионалци кои ќе се запознаат со актуелните волонтерски можности во Битола, регионот и Европа.

Саемот за Волонтеризам 2017 ќе ви претстави 10 невладини организации од Битола и регионот,кои ќе ги презентираат своите волонтерски можности и ќе споделат нивни успешни приказни и проекти.

– Волонтирај, но пред се информирај се!

GOLD
To Top