Новости

Битола инфо

Утре започнува 18-издание на фестивалот „Битола отворен град“

Утре во Битола започнува 18-то издание на Интернационалниот младински арт фестивал „Битола отворен град“. Организаторите, Младинскиот културен центар Битола најавуваат интересна програма креирана од млади уметници од 30 држави кои создаваат алтернативна уметност.

-Она што ќе го понудиме на битолската публика, и на сите добронамерници и ќе го понудиме на сите, бидејќи Битола е отворен град за сите. Ќе започнеме до среда и ќе трае се до недела, имаме изложби, креативни работилници, перформанси, живи библиотеки, други културни настани, промоции и она што е препознатлив бренд на Битола, голем концерт кој ќе биде на 30 јуни на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола, рече Златко Талевски, извршен директор на МКЦ Битола.

„Психомодо поп“ ќе го заокружат фестивалот во недела на 30 јуни заедно со една од најзначајните групи во историјата на македонскиот рокенрол, „Ласт Експедишн“ и новосадскиот панк квартет „Дивље свиње“.

-Познатата хрватска група „Психомодо поп“ кои иако повеќе децении опстојуваат на балканската рок сцена, за прв пат ќе настапат во Битола. Тоа е бенд на кого сите му ги пееме песните, но немале досега прилика да настапат во живо во Битола и затоа сме горди што успеавме да ги донесеме како големо име од балканските простори за битолската публика, но и за сите од регионот бидејќи ова е нивни единствен концерт годинава во Македонија, рече Талевски.

Фестивалот започнува утре со креативна работилница во паркот кај Јени Џамија „500 години од раѓањето на големиот научник и астроном Галилео“. Во четврток во 21:00 ќе се одржи Меѓународна изложба „Урбан фото салон“ и Мултимедијален настан „Урбана литература @lo-fi“. Петок од 22:00 часот свирка на Паркети и Soun Waves на Скејт паркот во Градското шеталиште. Сабота од 20:00 часот во Магазата „Живи библиотеки“. Недела од 21:00 на плоштадот „Гоце Делчев“ Музички концерт на Психомодо поп, Ласт Експедишн и Дивље свиње.

„Битола отворен град“ има 18 години традиција и е најголем некомерцијален фестивал организиран од невладина организација, не само во Битола, туку и во цела држава. Сите настани се на отворено и не се наплаќаат влезници. Целта на фестивалот е да придонесе во афирмацијата на Битола како град со позитивни вредности и креативна енергија и нејзина промоција како центар на прогресивната младина на Балканот. Фестивалот обезбедува можност за многу уметници, млади луѓе и учесници од граѓански организации од регионот на ЈИЕ, да ги искажат своите ставови за општествено релевантни теми со користење на уметноста како алатка. Фестивалот е отворен за сите алтернативни уметности во изведба на млади луѓе.

Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола

На овој фестивал во изминатите години настапиле: Zabranjeno Pusenje (BIH), Elektricni orgazam (SRB), Partibrejkers (SRB), Dubioza Kolektiv (BiH), Van Gogh (SRB), S.A.R.S. (SRB), Conquering Lion (MK), ZAA (SRB), Michael Gray (UK) и бројни други музички имиња.

GOLD
To Top