Новости

Битола инфо

Утре свечено отворање на ФАДФ „Камера 300“

Во очи празникот на градот Битола, „4ти Ноември“ по 27ми пат ќе се случи Интернационалниот фестивал на аматерски филм „Камера 300“. Фестивалот ќе се одржи на 1ви и 2ри ноември, а пет члена меѓународна комисија ќе ги оценува сите филмови кои се пристигнати на адресата на овој фестивал. Од 16 до 19 октомври стручната жири комисија ја правеше филмската селекција за овој фестивал во состав на Љупчо Петровски од Битола кој уште како што вели во далечната 1992 година го остварил првиот контакт со видео камерата која понатаму е неизбежна алатка во остварувањето на моите идеи и желби во аматерскиот филм. петровски е автор на преку 45 кратки, документарни, експериментални и играни филмови. Стекнатото звање Мајстор на аматерскиот филм на Кино сојузот на Македонија од 2016 година. Петровски живее и работи во Шведска.

Доц. Д-р Антон Антонов од Шумен, Р. Бугарија е вториот член на интернационалното жири на овој фестивал. Од 1988 година членува во Кино клубот „Маддарски коник“ при Народна читалиште и „Добри Војников 1856“ – Шумен, Бугарија. Како член на Кино клубот учествувал во изработка на многу кино-аматерски филмови. Над 20 години активно учестувал во технички екипи, подготовка и селектурање филмови кои учестуваат на Меѓународниот фестивал на аматерски филмови кој се организира на секои 2 години во Шумен, Бугарија. Од 1997 – 2002 работел како оператор во Телевизија Шумен.

Третиот член Благојче Божиновски е дипломиран режисер, кој во својот работен век има режирано повеќе драмски и филмски дела. Карактеристично за неговото творештво е режијата на повеќе документарни ТВ проекти за ТВ и друг вид. Има реализација на проект за Пелистер и Еверест, за културното наследство на Битола и пошироко, Проект филм со документарно – играна тематика за Битола во времето на Отоманската империја „Крчма на патот за Европа“.

Јосип Грозданиќ е четвртиот член кој е од Р. Хрватска, тој работи на повеќе проекти на Хрватската телевизија како стручен соработник и филмски критичар. Член е на разни филмски фестивали и предавач во училиште за медијска култура „Д-р Анте Петерлиќ“.

И петтиот член е Д-р Мишо Нетков од Македонија. Докторирал на тема мултикултурата во националните електронски медиуми на Балканот 1989-2008, тој е вонреден професор на Универзитетот ЕСРА во Скопје.

35 филмови од 10 држави ќе се борат за Гран При како и бронзената, сребрената и златната Камера 300, но и наградите плакета за најдобра камера, идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“, Награда за најдобра репортажа и награда плакета на уника кои се во рамки на овој фестивал.

Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на РСМ и Општина Битола.

Во програмата на фестивалот за овогодинешното издание е предвидено одбележување на 55 години од смртта на патронот на клубот „Милтон Манаки“, а свеченото отворање на 01.11.2019 ќе биде со „Последното кафе“, филм на Стево Сидовски.

Филмовите кои ќе бидат наградени и селектирани од страна на жири комисијата, ќе бидат во официјалната програма на фестивалот.

GOLD
To Top