Новости

Битола инфо

Утре ќе се бира Управниот и Надзорниот одбор на новото претпријатие за паркирање во Битола

На утрешната седница на Совет битолските советници ќе изберат Управен и Надзорен одбор на новото јавно претпријатие за паркинзи а до крајот на месецот планираат да ја завршат целокупната процедура за впишување на претпријатието во Централниот регистар, ова денеска на прес-конференција го соопшти претседателот на Совет Валентин Груевски. Потенцираше дека ќе има промена на цените за паркирање, објави ТВ Тера.

-Паркирањето во Битола е прескапо. Јас секогаш се залагав и велев дека не се почитува Одлуката на Совет која е донесена во претходниот мандат, односно ние бевме уверувани тогаш дека носиме некаква друга одлука од она што сега се спроведува. Ќе се обидеме во тој дел нешто да поправиме, односно ќе се обидиме во тој дел да поправиме одредени работи, ќе се обидеме дел од паркинзите кои што сега го стеснуваат сообраќајот да ги нема, меѓутоа сеуште сме во фаза на размислување како целата таа работа ќе се реши. Кога ќе имаме конкретни податоци ќе бидете известени. Сега до крајот на месецот сакаме да го впишиме претпријатието во Централниот регистар и после тој Управен одбор и директор да ни предложат цени кои што пак на Совет ќе треба да ги усвоиме, во секој случај паркирањето треба да биде поевтино, рече Валентин Груевски, претседател на Совет.

Прашавме дали со намалувањето на цените за паркинг ќе се зголеми сообраќајниот метеж во централното градско подрачје, а дополнително во зимскиот период поголемо загадување на амбиенталниот воздух,бидејќи праксата во големите градови низ Европа е скап и временски ограничен паркинг во центарот на градот.

-Сеуште немаме дефинитивно решение во тој дел, меѓутоа моите размислувања се дека не можете ако се паркирате кај Спортската сала денес дневно паркирањето да ве чини од 350 до 400 денари. Тоа е прескапо. Мислам дека треба да овозможиме паркирањето што ќе биде надвор од централното градско подрачје да биде поевтино а паркирањето во центарот дали ќе биде поскапо или ќе остани на овие цени, сеуште не е решено,меѓутоа мора да овозможиме некаде каде што ќе може да се паркира за помалку пари, рече Груевски.

Прашан беше дали Битола ќе добие катна гаража?

-Во минатото имаше идеи каде би можело тоа да се реализира. Вие знаете дека имаше огромен отпор кај станарите позади Киното Македонија, имаше огромен отпор и за кај Атпазар, сега во овај момент немама размислувања за продолжување на проектите, рече Груевски.

Концесионерот сеуште плаќал концесија, a што се однесува пак до инвентарот кој што го поседувале, Груевски рече дека била формирана комисија од страна на општина Битола која ќе правела попис на подвижниот инвентар. Во новото ЈП „Паркинзи“ во наредниот перид ќе биде објавен конкурс за прием на работници.Рече дека ќе ги подобрат условите за паркирање на паркингот кај Спорската сала во Битола

-Се согласувам дека паркингот кај Спортската сала е во очајна состојба . Ние во еден дел како општина интервениравме таму минатата година, во секој случај ќе ги подобриме таму условите, додаде Груевски.

На утрешната седница на Совет битолските советници ќе расправаат и за покачување на платата на вработените во градинките а ќе бидат усвоени и завршните сметки и извештаите на јавните претпријатија. Груевски на пресконференцијата посочи дека сите јавни претпријатија за минатата година работеле со добивка и во сите била постигната солидна финансиска стабилизација.

GOLD
To Top