Новости

Битола инфо

Утре ќе се засадува кај Ротино

Во организација на Ротари Клубот Битола Широк Сокак, в сабота започнува акцијата за пошумување на локации во околината на градот Битола.

Акцијата ќе се спроведе со стручна и професионална поддршка на вработените од ЈП Национални Шуми.

Ќе се засадат повеќе 100.000 садници со што ќе се обидеме да ги обновиме белите дробови на градот Битола. Акцијата ќе започне во 10 часот на локацијата Бел Камен, Ротино.

Да засадиме иднина за нас, за нашите деца и идните поколенија, бидејќи тоа е она што ни е најпотребно во времето во кое живееме, вели организаторот.

GOLD
To Top