Новости

Битола инфо

Утре ќе се одржи 48 Семакедонска средба во Трново

Здружението на Македонците од Eгејскиот дел на Македонија на ден Илинден ќе ја одржи 48 Семакедонска средба што се одржува во дворот на црквата Св. Богородица во село Трново -Битола, а воедно ќе се одбележи 39-тата погранична средба. Оваа средба ја организираат Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Сојузот на здруженија на Македонци и деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.

GOLD
To Top