Новости

Битола инфо

Утре ќе се тестира велосипедска патека на коловоз на улицата „Васко Карангелевски“

Општина Битола во рамките на Европската недела на мобилност, планира да промовира велосипедски патеки на коловоз со што ќе ги вклучи велосипедистите и ќе ги зголеми мерките за безбедност не само за нив, туку за сите учесници од сообраќајот, првенствено со планирање простор – велосипедска патека.

Затоа е изработен времен режим на сообраќајот на улицата „Васко Карангелевски“ кој ќе трае од 9 до 22 часот само во петок, на 22 септември. Делницата која ќе биде зафатена од времениот режим ќе биде од влезот до излезот на Новиот пазар.

Активноста е тестирање на велосипедска патека на коловоз на улицата „Васко Карангелевски“ затоа што една од мерките за обезбедување простор за сите учесници во сообраќајот е зголемување на нивната мобилност и релокација на уличен простор што значи профилот односно ширината на улицата да се редизајнира со користење на сообраќајна опрема, а не со градежни активности кои бараат посложена процедура, подолго време и се поскапи.

Во петок ќе се изврши и броење на велосипедистите кои ќе ја користат велосипедската патека, како и евентуален застој на сообраќајот затоа што четирите ленти ќе се намалат на две ленти, по една во секоја насока. Согласно времениот режим, ќе бидат забранети сите леви свртувања.

Целта е да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се вклучат сите учесници во сообраќајот подеднакво со намалување на брзината на моторните возила – смирување на сообраќајот, а зголемување на проточноста, со воведување алтернативнен превоз – велосипедски патеки, пешачки премини, јавен превоз и слично.

GOLD
To Top