Новости

Битола инфо

Учениците од ОУ „Даме Груев“ дел од глобалниот настан за одбележување на 22 април, Денот на Планетата Земја

Учениците од ОУ „Даме Груев“ во соработка со Здружението за одржлив развој БИОСФЕРА 369, Здружението за напредно современо образование „ВОЛВОКС“ од Битола преку интегрирана настава и активности за чистење и уредување во Едукативниот дендро парк во с. Кукуречани, го одбележаа 22 Април Денот на Планетата Земја.

Учениците имаа можност да се запознаат со содржините на Едукативниот дендро парк, различните дрвенести видови и елементите на екосистемот.

Учениците од IIб одделение изведоа интегрирана настава со часовите по македонски јазик, музичко, ликовно и природни науки. Според одделенскиот наставник Нела Неделковска настанот е пример за соработка вои нтерес на унапредување на образованието на учениците и уште еден непобитен доказ дека децата „страдаат од недостаток на природа“.

Членовите на еколошката секција „Еко свест“ при ОУ „Даме Груев“ која работи под раководство на предметниот наставник Соња Јанкуловска помогнаа во негата на растенија и расчистување на просторот. Со нив беше разговарано за Планетата Земја како жив организам кој страда од деструктивното однесување на луѓето и потребата за промена на нашиот однос кон нашиот засега единствен дом.

Настанот под мотото „Знаење и мудрост за спас на Планетата Земја“ се реализира со поддршка на општина Битола, Ротари клуб Битола Широк Сокак.

Едукативниот дендро парк, изграден со финансиска поддршка на СОКОТАБ ДООЕЛ Битола од учебната 2018/2019 година треба да биде ставен во функција на образовниот систем и унапредување на наставата по природни науки.

Евротип
SNBROKER
To Top