Новости

Битола инфо

Ученици од битолски училишта поставија упатаства за рационално користење на водата во библиотеката

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола и ОУ „Даме Груев“ – Битола го одбележаа  22-ри март Светскиот ден на водата.

Учениците и  наставникот Митко Јанески поставија  упатства за рационално корисење на водата, електричната енергија, за одржување на хигиената во зградата и зеленилото во дворот итн.

Упатствата се  истакнати на соодветни места во просториите на Библиотеката.

Во активноста се вклучија и учениците од ОУ “Ѓорги Сугарев“ – Битола и доцент д-р Билјана Граматковски.

Водата е скапоцена затоа што без неа нема да постои живот. И покрај тоа што изгледа дека на планетата Земја вода има во изобилство, факт е дека само помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење.

До средината на овој век дури седум милијарди луѓе ќе бидат соочени со недостиг на вода бидејќи бројот на жители на Земјата расте, а водените ресурси се намалуваат – алармираат експертите.

Помалку од 1% од водата на земјата е употреблива за пиење. Како што расте бројот на населението во светот, се зголемуваат и потребите од вода за пиење.

До 2025 година две третини од човештвото ќе почувствува сериозен недостиг на вода, предупредуваат експертите од Обединетите Нации.

Според најцрните прогнози се приближуваме до периодот кога ќе се војува поради питка вода бидејќи дури над една милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2.5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе.

Доколку сакаме сите да уживаме во нашите скапоцени резерви, мора да бидеме повнимателни како ги користиме.

Евротип
SNBROKER
To Top