Новости

Битола инфо

Ученичката Евгенија Дивитарова доби награда за најмлад иноватор во Македонија

На натпреварот „Макинова 2018“ кој се одржа во Скопје, битолчанката Евгенија Дивитарова која има 17 години и е ученичка во СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола со нејзината CNC машина за гравирање со ласер, која ја иновира и конструира сама, се престави пред Комисијата од Институтот како и пред многу други кои беа учесници на Макинова ја презентираше нејзината работа.

На Евгенија Дивитарова и беше доделена награда за “Млад иноватор” поддржано од Светската организација за интелектуална сопственист (Берин).

Во текот на натпреварот имаше поголема посета од медиумите, пред кои заедно со Директорот на фондот за иновации им беше презентирана работата на ова CNC машина која е со сопствена конструкција и друг принцип на работа спрема останатите.

Изработена е за скоро три месеци и битолчанката Евгенија најверојатно е првото и единствено женско во конкуренција со сите машки од цела држава.

Евротип
Евротип
To Top