Новости

Битола инфо

Учесниците од ЦИОФФ во посета на Општина Битола

Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија во Битола е домаќин на претставници на фолклорни асоцијации од 15 држави во Европа, членки на Светската фолклорна организација-ЦИОФФ, сектор Јужна Европа. По тој повод, околу 50-тина претставници денес jа посетија Општина Битола.

Градоначалничката Наташа Петровска им посака топло добредојде на гостите,со желби да се продлабочи заедничката соработка околу нематеријалното културно наследство, фолклорот и традициите.

Гостите со симболични подароци карактеристични за нивните земји, се заблагодарија на топлиот прием, а претседателот на ЦИОФФ Македонија, Антонио Димитровски и подари уметничка слика, во знак на благодарност кон Општина Битола, која му даде голема поддршка на овој значаен меѓународен настан.

GOLD
To Top