Новости

Битола инфо

Уште двајца новозаболени од коронавирус во Битола

Нови два случаи на KОВИД 19 во Битола во изминатите 24 часа, кои се контакти од прва линија на веќе позитивно лице, со што вкупната бројка на заразени се искачи на 8 лица. Ова денеска за Тера Телевизија го изјави д-р Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.

Од почетокот на кризата до денес вкупно 115 лица се тестирани на ниво на Центар за јавно здравје Битола, а тука спаѓаат градовите Битола, Ресен Демир Хисар и Кичево. Најголем број брисеви се од Битола – 103. Во моментот се чекаат резултати од 38 земени брисеви земени последните три дена, кои се очекуваат да бидат готови до утре.

„Од сите овие земени материјали вкупно позитивни се 8 пациенти од кои 7 се на домашно лекување и со релативно лесна клиничка слика, само едно повозрасно лице штитеник од старскиот дом Сју Рајдер е на болничко лекување. По полова структура две се жени, 6 се мажи, минималаната возраст на сите позитивни, односно најмладиот е 5 години а највозрасниот а најстариот 85 години, рече во изјава за Тера, прим. д-р Елизабета Крстева.

Каква е состојбата на државно ниво

На Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје почина едно лице од Куманово на возраст од 73 години. Во својот стан во Кавадарци е пронајдено починато лице на возраст од 44 години, кај кого постмортем е земен брис и истиот вчера потврдил присуство на вирусот. Во денешната статистика е вметнат и пациентот кој вчера почина на пат кон болницата „8 Септември“.

Од Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје денеска се испишани 5 оздравени пациенти, кои по два негативни контролни бриса, во добра општа состојба заминуваат дома. На оваа Клиника примени се 4 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 66 пациенти, од кои 7 пациенти се на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 4 нови суспектни пациенти на коронавирус. Вкупната бројка на позитивни и суспектни на Ковид-19 во оваа болница е 26 пациенти, од кои 8 се во тешка состојба, а 3 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Штип нема нови примени пациенти на болничко лекување. Во моментов се хоспитализирани 4 пациенти, од кои 1 пациент со средно –тешка клиничка слика со пневмонија и 3 стабилни.

Во болницата во Битола исто така нема прием на нови пациенти. Во моментов 4 пациенти кои се на хоспитален третман се стабилни.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 18 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 7, Куманово – 2, Прилеп – 4, Битола – 2, Кавадарци -1 (починатиот), Крушево – 1 и Кочани -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 617 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во:
Скопје – 261
Куманово – 130
Дебар – 49
Штип-20
Прилеп – 38
Тетово – 29
Струга – 28
Велес – 10
Битола – 8
Охрид – 3
Кавадарци – 3
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка-3
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 18

Во изминатото деноноќие направени се 351 тест. Досега во земјата се направени 6.230 тестирања на Ковид-19.

GOLD
To Top