Новости

Битола инфо

ФОТО: Во Битола извршена утринската молитва за големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам. После едномесечниот пост, утрово во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз.

И во Битола, во реновираната Хајдaр кади џамија утрово се одржа утринската молитва.

Рамазан-Бајрам е ден кога се сретнува моќта на богатите со слабоста на сиромашните во љубов, милост и правдина. Ден кога сиромашните се радуваат во удобностите на животот, ден кога роднините се сретнуваат во благодет и внимание еден за друг, ден кога муслиманите се соединуваат во молитви и меѓусебни посети, ден кога пријателите ги оживуваат мостовите на љубовта и елементите на блискост, ден кога благородниот дух ги простува грешките на другите и се соединува по разделбата.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е неработен за сите граѓани на Република Македонија.

GOLD
To Top