Новости

Битола инфо

ФОТО: Ротари Клубот “Битола Широк сокак“ ја поддржа акцијата “Pay it forward”

И оваа година Ротари клубот „Битола Широк Сокак“ се активира по повод одбележувањето на Денот на Планетата земја во проектот „Затоа што немаме друг дом“.

Членовите на клубот учествуваа во акцијата за Чистење на локација во близина на Стдентскиот дом од Битола.

Акцијата беше поддржана од вработените во студентскиот дом од Битола, Агенцијата за заштита и спасување и ЈП “Комуналец“.  

На учесниците им беа доделени картички со што ја поддржаа акцијата „Pay it Forward“ (Продолжи понатаму), со молба секој од нив да продолжи со правење на добри дела и предавање на картичката понатаму.

Чиста и задрава животна средина и апел за правење добри дела се дел од мотото и целите на Ротаријанците низ целиот свет.  

 

GOLD
To Top