Новости

Битола инфо

ФОТО: Битолските Ротари клубови дел од големата еко-акција за почист град

Денеска и битолските „Ротари клуб – Широк Сокак“ и „Ротари клуб – Битола“ го одбележаа првиот „Ротари“ ден во Македонија со голема еко – акција под мотото „Ракавици, кеса, селекција – сите во екоакција“.

Оваа акција е во организација на Ротари клубовите заедно со Општина Битола, „Комуналец“ – Битола како и „Ротари Македонија“ и „Пакомак“.

На денешната еко – акција во новиот пазар – Битола присуствуваше и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, директорот на комуналец Панде Богоевски, голем број на млади членови на „Ротаракт клубовите“ од Битола како и ученици од основните и средните училишта.

Главната цел на ротаријанците и сите учесници на оваа акција е да се подигне свеста за чиста околина, селекција на отпадот и значењето да се има чист град, воздух како и дружба на членовите на клубот меѓусебе и со сите активни граѓани кои ќе се вклучат на акцијата.

„Ротари Македонија“ е дел од глобална мрежа во која членуваат повеќе од 1,2 милион лидери, а чија визија е суштински да го унапреди човековото живеење во светот, преземјаќи акции во насока на ширење на мирот, борба против болести и епидемии, обезбедување на чиста вода, канализација и хигиена, заштита на мајките и децата, поддршка во образованието и пораст на локалната економија.

Денешната еко-акција се одвива паралелно во 13 градови во Македонија: Скопје, Велес, Кочани, Виница, Куманово, Тетово, Неготино, Штип, Прилеп, Кавадарци, Св.Николе, Битола и Охрид.

GOLD
To Top