Новости

Битола инфо

Физичка пресметка во населбата Баир

На 28 мај во СВР Битола било пријавено дека на улица „Титово Ужице“ во населба Баир, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(41), Џ.Р.(44) и Р.Р.(22), од една страна и  Е.В(44),  Е.В.(23), М.В.(44), С.В.(24), од друга страна, сите од Битола. Според пријавеното, притоа биле употребени разни предмети. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

GOLD
To Top