Новости

Битола инфо

Физички оштетувања на реквизити во паркот на шампионите во Битола

Изгребан и оштетен реквизит, кој истовремено претставува и главната ознака на „Кока кола активната зона“, денес е забележан во „Паркот на шампионите“, каде неодамна Скопска пивара донираше спортски реквизити за битолчани. На направеното оштетување, евидентна е нечија волја да се остави намерна штета на овој елемент кој е дел од активната зона, која за битолчани претставува прекрасен простор за рекреација, релаксација и дружење.

Со цел, ваквата тенденција на уништување на спортските реквизити да запре, Општина Битола, денес побара од СВР Битола, да преземе соодветни дејствија, со цел пронаоѓање на сторителите на споменатите оштетувања.

Покрај ова поголемо оштетување, евидентирано е оштетување и на други реквизити, кои се дел од од спортските реквизити во „Паркот на шампионите“.

Општина Битола, верува дека, со ваквото свое делување ќе овозможи заштита од понатамошни вандалски однесувања чии последици се на штета на сите граѓани, а истовремено ќе се даде заеднички апел во насока на совесно однесување кон зачувување на општото добро. Токму затоа, треба да го чуваме се она што претставува инвестиција или донација, а е во функција на збогатување на секојдневието на сите граѓани.

GOLD
To Top